Во моменти кога Бугарија се обидува да ја фалсификува историјата и да го присвои делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев добро е да знае какви биле неговите размислувања кон прашањето за присоединување на Македонија кон Бугарија.
Имено, во говор во Преспа во 1901 година пренесен во романот на Димитар Талев насловен „Илинден“, Делчев вели:
„Оној што копнее, што работи да ја присоедини Македонија кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин и ли за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го поддржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Внуката на Гоце Делчев порачува дека тој би се превртел во гробот
„Ел Чека“ е Бугар“: Гоце Делчев „главен“ на Твитер