Поранешната специјална обвнителка, Катица Јанева денеска во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција е на распит за “Рекет“.
Вчера од Обвинителството информираа дека истрагата за нејзината инволвираност во случајот е завршена.
Јанева беше на распит за „Рекет“ кога беше приведена, а тој се однесуваше за одлуката дали таа да оди во притвор или не.
Нејзиниото неодамнешно барање да излезе од притвор беше одбиено, и таа доби нови 30 дена притвор.
На распит за „Рекет“ во Обвнителството вчера беше првоосомничениот Бојан Јовановски (Боки 13), а до сега беа неколку обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), функционери од невладината на Боки 13, Меѓународен сојуз, бизнисмени, функционери на владејачката СДСМ…
Освен Јанева и Јовановски, во „Рекет“ е осомничен и Зоран Милески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Боки 13 од Русковска дознал дека истрагата за него е завршена и не дал исказ
„Сложни попови и во петок мрсат“: Твитер за „црниот фонд“ и СЈО и платите на Јанева и обвинителите
Заврши истрагата за Боки 13, Јанева и Кичеец за „Рекет“ во делот за Камчев