еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е Влатко Ѓорчев, првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за преседател на државата

Влатко Ѓорчев е првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, кој на Конвенцијата на партијата на која ќе се избира кандидатот, ќе побара подршка од раководството.

Кој е Влатко Ѓорчев

Ѓорчев моментално е по пети пат пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и е член на највисокото раководство на партијата.

Член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е веќе 22 години, а во Извршниот комитет на партијата е од 2000-та година.

Претходно бил и портпарол, меѓународен секретар, дел од Унијата на младите сили на партијата…

Оженет е со Сузана, и е татко на четири деца: Марта (8), Филип (6), Никола (5) и Катерина (2).

Годинава полни 41 година, со што го исполнува условот да се кандидира за претседател, односно има 40 години.

Фото: Фејсбук/Ѓорчев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влатко Ѓорчев ќе се кандидира за претседател на Македонија

За што се подготвува Влатко Ѓорчев?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем успех ни е мораториумот на дивоградби, а на мапирањето уште работиме вели Костадиновска Стојчевска за заштитата на Охридскиот регион

Редакција

До ДИК пристигнале 13 приговори, седум од ТМРО и шест од СДСМ

Редакција

Обвинителството побара затворски казни за Миле Јанакиески и другите обвинети за случајот „Топлик“

Редакција