ВМРО ДПМНЕ, најголемата партија во Македонија, со денови е топ тема во македонските, но и во регионалните медиуми. Партијата ја тресат исклучувања на големи поранешни функционери, но и оставки од најважните тела на партијата.
Овие случувања во ВМРО ДПМНЕ, која сега се соочува и со финансиски проблеми, но и со замрзнат имот, повторно ги разгоруваат шпекулациите за свикување на вонреден конгрес за избор на нов лидер.
На последниот состанок на Централниот комитет на партијата, било разгледена барањето на актуелниот лидер Христијан Мицкоски (кој не присуствувал на истиот) за свикување на вонреден конгрес за да се гласа за негова доверба, но било одлучено да биде одбиено неговото барање.
Дали ќе има нова одлука за вонреден конгрес наскоро, останува да видиме.
Во меѓувреме актуелни и поранешни функционери на партијата, челенови и симпатизери, секојдневно јавно го изразуваат незадоволството од неговото водење на партијата.
Последните анкети за јавното мислење покажуваат дека Мицкоски има понизок рејтинг дури и од поранешниот лидер Никола Груевски.
Кој може да дојде на местото на Мицкоски?
Исклучениот, сега веќе поранешен потпреседател на ВМРО ДПМНЕ, градоначалникот на Кавадарци и познат бизнисмен, Митко Јанчев никогаш не ги криел своите амбиции дека би сакал да биде лидер на ВМРО ДПМНЕ.
Тоа го има споделено со јавноста во неколку интервју, а го потврди уште еднаш во интервју во „Само вистина“ на ТВ Канал 5, во кое не ја исклучи можноста да се кандидира за лидер на партијата.
Како што рече тоа би го направил ако има нареден конгрес и формира тим со кој добро би менаџирал и доколку направи нов полиберален и подемократски партиски статут и понуди добра програма што би ги задоволило барањата на поголем дел од членството.
Со името на Јанчев се шпекулира уште од времето кога Груевски се повлече од лидерската функција, а од истиот период во политичките кругови се „вртат“ уште две имиња, на актуелниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и на поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот ја одби жалбата на ВМРО ДПМНЕ за одмрзнување на имотот на партијата
Јанчев: Смена на Мицкоски на транспарентен начин, би се кандидирал за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Кој е „предавникот“ во ВМРО ДПМНЕ?
Кои се новите претседатели на Унијата на жени и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО ДПМНЕ