еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои ќе бидат новите имиња на АРМ, МАНУ, ЕЛЕМ, МОБ…, кои треба да бидат во духот на Договорот од Преспа

Според Договорот од Преспа, кој е пред финализирање и во Грција, нови имиња треба да добијат сите државни и јавни институции, претпријатија, органи…

Согласно Договорот, Владата на Република Македонија ќе биде Влада на Република Северна Македонија, Министерството за финансии на Република Македонија ќе биде Министерство за финансии на Република Македонија и сл.

Нови имиња во духот на Договорот, кој предвидува промена на имињата на сите буџетски корисници, треба да добијат и АРМ (Армија на Република Македонија), ЕЛЕМ (Електрани на Македонија), МОБ (Македонска опера и балет), МАНУ (Македонска академија на науките и уметностите), МРТ (Македонска радио-телевизија), МНТ (Македонски народен театар), Македонски шуми

Пред извесно време од МАНУ посочија дека тие ќе бараат некакво флексибилно решение, за да можат да си го задржат името.

Што ќе се случува со другите државни и јавни институции, претпријатија, органи, и кои би биле нивните нови имиња, останува да видиме.

Потврда за промена на имињата во неколку наврати стигна и од владини преставници, меѓу кои и од премиерот Зоран Заев.

„Сѐ што произлегува од идентитетот, од јазикот, останува македонски, македонско, македонска. Сѐ што се однесува на државни институции, службеност и официјалност ќе биде во согласност со новото име – Република Северна Македонија… Тоа значи дека оваа Влада ќе биде Влада на Република Северна Македонија. Здравство ќе биде Министерство за здравство на Република Северна Македонија, но ќе зборуваме за македонско здравство…“, изјави Заев пред одржувањето на референдумот за името.

Потврда дека и институциите од типот на АРМ ќе треба да добијат ново име во духот на Договорот од Преспа, даде и владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес конференција пред извесен период.

„Сѐ што се однесува на културата и идентитетот ја задржува придавката македонски: македонски јазик, македонски ора и слично. Државните институции треба да го следат духот на договорот“, кој на истата прес конференција потврди дека и АРМ треба да добие име во тој правец, без да потврди дали истата сега би се викала Армија на Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МИА анализира: Каков е распоредот на силите во грчкиот Парламент пред ратификацијата на Договорот од Преспа

Кои партии ќе треба да си ги променат имињата, согласно Договорот од Преспа?

Носат ли промената на името и двојазичноста нов бран тежок македонски и албански национализам?

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото+видео) Бујни гради, секси нозе и стегнати задници: Познати Македонки во летен фазон

Редакција

Од Ковид-19 почина едно лице од Битола

Редакција

Мистерија е образованието на директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, која незнае македонски јазик

Редакција