еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Корона вирусот засега на зелените пазари ги накачи цените на лимоните и кромидот

Драстично се накачени цените на лимоните на зелените пазри во Скопје. Како што велат пазарџии од зелениот пазар кај Буњаковец за еМагазин, сега килограм лимони се продава за 200 денари, а пред неколку дена цената се движеше од 120 до 140 денари.

Накачување за 10 денари има и кај килограм стар кромид.

Пазарџиите, од кои поголемиот број се со маски и ракавици (некои од нив се пожалија дека неможат да си купат маски, бидејќи по аптеките останале само поскапите, кои чинат над 500 денари), велат дека од денеска се приметува дека се помалку луѓе доаѓаат по намирници на зелените пазари.

Велат и дека за очекување е да има и накачување на цените на другите зеленчуци и овошје, бидејќи цените ги диктираат добавувачите, кои пак велат дека поради компликациите на граница и подолгото потребно време за да стигне одредена стока во Македонија, откако сите ги затворија границите, нормално е да се очекува такво нешто.

ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИТЕ САМО НА ОСНОВНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Неодамна Владата ги замрзна цените на лебот, солта, зејтинот, млекото и млечните производи, јајцата, брашното, месото, тестенините, лековите и дезинфекционите средства.

Цените на овошјето, зеленчукот и маските ќе ги одредува пазарот и побарувачката, бидејќи имаме пазарна економија.

Дали Владата ќе може да интервенира и ќе реагира и за цените на овие производи, сега откако е прогласена вонредна состојба, но и за цените на некои други, останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

(Видео) Како безбедно да го исчистите смартфонот од евентуално присуство на корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По бурните реакции, Заев го прекина одморот и се појави во беровско Будинарци

Редакција

Колку политичарите направиле зло, толку Тоше направи добро за Македонија, и уште нема спомен обележје

Петре Димитров

Годишната стапка на инфлација во јуни забави и изнесува 3,2%, оценува Народна банка

Редакција