Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Тетово, Билал Касами пристигна во Собранието, со цел, како што изјави при доаѓањето, „да види што се случува“.
– И јас немам информации што точно се случува. Тука сум за да видам што се случува, истакна Касами при влегување во парламентарниот дом, најавувајќи дека дополнително ќе даде изјава.
Касами додаде дека не е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи, кој преку Фејсбук најави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата не премиерот Зоран Заев.
– Не, од ништо не сум изненаден, додаде Касами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски пристигна во Собранието, Реџепи од Беса го нарече “современ“ Амди Бајрам
Апасиев: Киднапирале пратеник мислејќи дека така нема да паднат
МИА/Фото: Касами/Фејсбук