еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Масовното убивање на кучиња покажа колку нефункционална држава е Македонија

Деновиве бевме сведоци на масовно убивање на улични кучиња, но и на миленчиња кои имаат сопственици.

Во Струга жител на селото Ливада со пушка реши да се “справи“ со кучињата, а во Неготино, се уште непознато лице, со труење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Во Струга со пушка застрелани десетици маалски и домашни миленици, сторителот да одговара бара „Анима мунди“

Mасовно труење на кучиња во Неготино

Јавноста се подели околу тоа дали е ова вистинскиот начин за решавање на долгодишниот проблем со уличните кучиња, кои многу често напаѓаат луѓе и деца, за што сведочи и полицискиот билтен.

Секако дека решението не е во убивање на кучињата, а во Македонија не треба да се измислува топла вода, се знае како хумано се решава овој проблем.

Тоа е работа на општините, на градоначалниците, кои ги плаќаме да ни ги решаваат проблемите.

Камо да беа таму посветени на својата работа како здружението Анима мунди, кај ќе ни беше крајот.

Што ќе биде ако сите проблеми во државата на свој начин ги решаваат индвидуалци. А проблемите се многубројни.

Масовоното убиство на кучиња деновиве е само еден пример за тоа како изгледа една нефункционална нехумана држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

62-годишник од Ливада осомничен за убиството на кучиња во Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Хидротек“ го доби тендерот за одржување на фонтаните „Скопје 2014“ вреден 305.000 евра

Редакција

Давањето и контролата на лекови е работа на менаџментот и главната сестра, рече Филипче за случајот Онкологија

Редакција

Убава вест: Оздравени 17 болни од Ковид-19

Редакција