еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерката Мизрахи: Таблата поставена во Министерството е наследена, не постои стара и нова

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи денеска изјави дека таблата поставена во Министерството е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла.

-Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата.

Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, рече Мизрахи денска во Крушево.

Министерката додаде оти треба да и заблагодари на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, „заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа, според Мизрахи, длабоко во себе препознала дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ“.

МИА/Фото: Фејсбук/Мизрахи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров бара разрешување на Мизрахи: Грција упати вербална нота поради смената на таблата со името

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед по болниците: На инфективните одделенија низ Македонија се лекуваат 812 пациенти со Ковид-19

Редакција

Алкалоид во третиот квартал инвестирал 16,5 милиони евра

Редакција

Од денеска почнува есента, првиот ден со дожд и ретки грмежи

Редакција