Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за Фокус, вели дека неговото семејство започнало да се смирува по заканите по живот, упатени кон него и неговата сопруга Веселка, пред неколку дена.
„Сите дома сме потсмирени сега. Сопругата и децата се движат слободно низ градот, немаме обезбедување, излегуваат заедно со мене, кога имам слободно време„, вели Јанчев за Фокус.
Неговата сопруга Веселка одбила јавно да раскаже за преживеаниот стрес и траумата, а Јанчев исто така не сакал да открие точно со кои зборови и се заканиле.
Тие се родители на три малолетни деца, Никола, Стојанче и Мила.
Фото: ВМРО ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се ја „мерка“ фотелјата на Мицкоски?
По заканите за живот, МВР патролно го обезбедува Митко Јанчев
Јанчев: Смена на Мицкоски на транспарентен начин, би се кандидирал за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ