Собранието во раните утрински часови со 62 гласа „за“ ја разреши министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи за која премиерот Оливер Спасовски достави до Собранието предлог за нејзино разрешување, а барањето следуваше откако министерката неколкупати се појави на прес-конференција во Министерство за труд и социјална политика (МТСП) пред табла со името „Република Македонија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мицкоски со заедничка фотографија со министерката Мизрахи го коментира нејзиното разрешување
Премиерот на седницата за разрешувањето на Мизрахи рече дека несериозно е со Уставот да се играат играчки – кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува.
-Побарав Мизрахи да биде разрешена по серијата нејзини настапи на кои грубо ги прекрши законите кои го уредуваат уставното име на земјата. Во Владата не го корегираше ова свое однесување. Секој треба да ги почитува Уставот и законите, а институциите мора да функционираат беспрекорно, нагласи премиерот.
Министерката Мизрахи пак рече дека нарушените меѓучовечки односи, непостоење на вредности, распаднат систем, криење проблеми, очајни граѓани, исплашени вработени во МТСП, се проблемите на Министерството за труд и социјална политика.
-Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда, истакна Мизрахи за чие разрешување синоќа дискутираа пратениците.
Таа посочи дека не може да разбере кога некој ја критикува поради верска и национална припадност. Потсети дека нејзините напади биле осудени од претставниците на ОБСЕ во Македонија, а со, како што рече, бледо соопштение против ова излегоа и токму оние кои го регистрираа.
МИА/Фото: Фејсбук/Мизрахи
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила новата министерка Рашела Мизрахи
ПОРТРЕТ: Рашела Мизрахи, биохемичарката која стана министерка за труд и социјална политика