Порталот МКД објави дека обвинителите од Јавното обвинителство (ОЈО) најмногу информации за случајот “Рекет“ добиле од сведочењата на обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Лиле Стефанова и осомничениот во случајот, Зоран Милески – Кичеец.
Стефанова сведочеше на 13 август, а Кичеец на 19 август, ден пред исказот на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Неофицијално, МКД пишува и дека за истрагата на случајот „Рекет“ ќе бидат повикани и бизнисмени кои од досегашните искази биле посочени дека дале пари за некаква противуслуга од СЈО, но тоа не го потврдиле во предистражната постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За синот на Катица Јанева нема доволно докази дека е вмешан во „Рекет“
Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?
Ристоска, Јосифовска или некој трет: Кој ќе ја замени Катица Јанева?