еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

На 40-годишнината од заштитата од УНЕСКО: Македонците буквално и се посраа на милионската историја на Охридското Езеро

Расипани колекторски системи, фрлање отпад и шут, градење на хотели и угостителски објекти во заштитените зони, палење на трската, уништување на автентични стари градби…ова е само дел од сликата за Охрид и Охридското Еезеро која се повторува секоја година, а која придонесува овој прекрасен природен и историски феномен да го загуби статусот на светско наследство по 40 години откако е стекнат.

Имено,„Природното и културно наследство на Охридскиот регион“ е запишано на Листата на светското наследство во 1979 година, првично како природно добро, а една година подоцна повторно е запишано како мешано добро (природно и културно).

Запишаното добро ги вклучува историскиот центар на градот Охрид, градот Струга, неколку рибарски населби на брегот, ранохристијански духовни центри и манастири, како и над 250 археолошки локалитети кои опфаќаат период од над 5000 години.

Според УНЕСКО, градот Охрид – еднa од најстарите човекови населби во Европа, претставува ретко архитектонско и уметничко достигнување и ризница на архитектонски, археолошки, материјални и нематеријални вредности.

Урбаното јадро на Охрид вклучува градби и други структури кои датираат од предисторијата, антиката и доцната антика, ранохристијанскиот период, раниот и развиениот среден век, османлискиот период, се до денес.

Охридското Езеро долго време е познато како суперлативен природен феномен. Со геолошка и биолошка историја од над милион години, Охридско Езеро се истакнува како едно од најстарите езера во Европа и исклучително жариште на биолошката разновидност од глобално значење.

Езерото се проценува како најбогато со биолошка разновидност во светот доколку се има предвид бројот на ендемски видови на единица водна површина. Сливот на езерото исто така поддржува подеднакво богата и значајна биолошка разновидност и вклучува преку 1.400 автохтони видови, вклучувајќи и околу 300 видови кои се ендемични за Охридското Езеро.

И покрај овие факти, локалната и централната власт во земјава во изминатиов период поттикнуваат изградба на несоодветни хотелско-угостителски објекти во заштитените делови на крајбрежјето и не прават ништо посебно за заштита на статусот на Охрид и поради тоа треба политички и кривично да одговараат, бидејќи може тогаш ќе им текне дека станува збор за светско културно наследство кое е многу поважно од ситните профитерски интереси на поединци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сега можете да рушите и да викате од УНЕСКО ни рекоа. Ајде!„: Твитер реакции по препораката Охрид да се стави на листата на загрозени светски наследства

УНЕСКО препорача Охрид да биде ставен на листата загрозени светски наследства и бара мораторум на градењето

Од Владата велат дека со внимание и сериозност пристапуваат по сите одлуки и препораки на УНЕСКО

Видео:Youtube/UNESKO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кедев продолжува да испишува историја: Искачен Cho Oyu, негов осми врв повисок од осум илјади метри надморска височина

Силвана Жежова

Проф. Трајковски: Подваријантата на омикрон може да доведе само до допрележување на преостанатите чувствителни, не и до враќање на епидемијата на почеток

Редакција

За викендот времето постудено со дожд и магла

Редакција