На мерните станици Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Куманово, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци е надмината вредноста на ПМ10 честичките од 100 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена, при што Министерството за животна средина ги извести Институтот за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за локална самоуправа.
Од Министерството ги даваат следниве препораки:
-Да се користи јавниот превоз.
-Возила да не се користат без поголема потреба.
-Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време.
-Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.
-Правилно да се користат печките за дрва.
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои градови не се загадени: Штипскиот ветер е „лек“ за скопскиот воздух
Твитер „гневен“ за загадувањето: „Со влакната во носот против ПМ честички“
(Видео) Отровен воздух во Скопје: „Ако не сака Владата сами ќе го мериме загадувањето“