Никогаш во мојата професионална кариера ниту еден обвинет не сум го уценувала, ниту принудувала да каже било што, вели во изјава за “Фокус”, обвинителката од случајот “Рекет”, Вилма Русковска за тврдењата на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 дека за да добие позитивно мислење за притвор, му било понудено да ги “намести”, Катица Јанева и Фросина Ременски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако кажев дека Катица е виновна или дека Фросина земала пари ќе ме пуштеа, вели Боки 13
„Сигурно не сум му понудила. По обвинението за “Рекет” веќе течеше судењето, кога тој даваше исказ за предметот со “Меѓународен сојуз”. За ова прво обвинение беше носен во неколку наврати да ги гледа доказите и на крај реши да му биде лошо и не даде исказ. Никогаш во мојата професионална кариера ниту еден обвинет не сум го уценувала, ниту принудувала да каже било што. Ако обвинет дава исказ, тогаш поставувам прашања, ама да уценувам или да терам да каже било што, никогаш, вели Русковска за Фокус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Недозволиво е изнудување исказ, вели Ременски по обвинувањата од Боки 13
Боки се налути за снимките на Кичеец, ќе ја отвори ли Пандорината кутија?
Фото: МИА