еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка ја проширува кредитната понуда со два нови кредитни продукти за правни лица наменети за стимулација на инвестициите

Ве информираме дека НЛБ Банка АД Скопје воведe две нови кредитни линии за клиенти-правни лица за реализација на долгорочни инвестициони проекти. Понудата е креирана како резултат на следење на трендовите и случувањата на пазарите во земјата и странство и прилагодување кон потребите на нашите клиенти со цел константна поддршка на нивниот раст и развој.

Една од кредитните линии е наменета за клиенти инвеститори во фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Покрај долгорочниот кредит кој е дел од оваа кредитна линија, а со цел сеопфатно задоволување на потребите на клиентите, креиран е посебен пакет продукти кој се состои од: денарски гаранции потребни за секој од инвеститорите, „оverdraft“ и бизнис картички како резервна опција за повремен дотур на обртен капитал.

Понудата претставува директна поддршка на компаниите кои сакаат да аплицираат на јавниот повик на Министерство за економија за доделување на право за користење премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали.

Другата кредитна линија се однесува на дополнување и проширување на кредитната понуда на Банката за долгорочни кредити наменети за проширување и модернизација на постојното производство како и поддршка на нови развојни проекти на компаниите од сите дејности.

Така оваа кредитна линија на компаниите им овозможува користење на кредити со долг рок на отплата – до 10 години и со фиксна каматна стапка за целиот период. Кредитната линија нуди и обезбедува фиксни трошоци и стабилно планирање на идните парични текови и претставува еден вид на осигурување на идните финансиски трошоци.

„Креиравме две нови кредитни линии во насока на поддршка на правните лица кои планираат  да инвестираат во својата дејност на работење, како и инвестиции за производство на енергија од обновливи извори.

Кредитната линија која е наменета за изградба на фотоволтаични централи има за цел да ги поттикне компаниите да аплицираат на јавниот повик и да ги искористат  понудените поволности од државата, со користење на повластените услови коишто ги нуди нашата Банка.

Предностите од користењето на обновливата енергија се многубројни, но пред сè, се однесуваат на заштитата на животната средина, како и  долгорочно намалување на трошоци за производство на електрична енергија.

Нашите нови кредитни линии имаат за цел да ги стимулираат инвестициите воопшто, да ја зголемат инвестициската моќ на правните лица преку давање на директна финансиска поддршка за реализација на своите инвестициски проекти“, изјавија од Банката.

Повеќе информации за новите кредитни линии може да се добијат на следните два линка: ОВДЕ и ОВДЕ.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе го награди Дејан Георгиевски со 1,8 милиони денари за успехот на Олимписките игри

Редакција

(Фото) Македонско катче во Националната библиотека во Осло: Ротари клубoт „Камен Мост Скопје“, Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје донираат 377 книги на македонски јазик

Редакција

(Фото) Македонец во Неа Флогита нашол изгубено 3-годишно девојче од Србија

Редакција