еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Новинарот кој објавува материјали за „Рекет“ се сликал со Иванов, еми Боки со кој се не се сликаше

Вистинска драма се направи за беграундот на политикологот и новинар Ларис Гајсер, кој за италијанскиот весник La Verità, вчера и денеска објавува материјали за случајот “Рекет“ на Јавното обвинителство.

Детално се анализира што се напишал до сега, а акцентот се стави на тоа дека се сликал со поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов и дека ги „симпатише“ ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија има куп новинари кои важат за симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но исто толку и кои се отворени подржувачи на владејачката СДСМ. И што?

Тоа не е така само во Македонија, туку и било каде.

А кога сме кај сликањето, со кој се не се сликаше Боки 13?

Голем дел од функционерите со кои се сликаше Боки 13, а потоа фотките ги споделуваше по социјалните мрежи деновиве посочија дека тоа што се сликале со него, не значи и дека на некој начин се инволвирани во случајот „Рекет“.

Некои рекоа дека не се ни другари, онака се сликале.

Дечки, темата не е кој е новинарот, туку што правиме со случајот “Рекет“, која ја потона Македонија како што потона бродот „Титаник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителката од СЈО, Стефанова: Јанева ни наложи да ги затвориме предметите и осомничените да не одат во затвор

По новите снимки на „Ла Верита„ се јави Јанева: Моја обврска е да контактирам со сите осомничени

(АУДИО) Сите осум разговори кои денеска ги објави италијанскиот весник Ла Верита

(ВИДЕО) Нова „бомба“ од “Ла Верита“: Катица наводно му вели на Камчев дека се ќе биде ОК

Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 434 случаи на Ковид-19 од 3.026 тестирања

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Битола за набавка на масло за греење вреден 554.000 евра

Редакција

Ковачевски: Димитров е незадоволен што не е дел од Владата, тој учествувал во градењето на позициите за Бугарија

Редакција