еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството даде уште три позитивни мислења за амнестија до Кривичниот суд, 14 други се одбиени

Основните јавни обвинителства согласно Законот за амнестија доставија мислење по поднесените барања за амнестија до Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ги достави мислењата по преостанатите 17 барања за амнестија. Дадено е позитивно мислење по три барања. Мислење дека лицата кои побарале амнестија не ги исполнуваат условите согласно Законот за амнестија е дадено во 14 случаи, соопшти ОЈО.

Со тоа, од вкупно примени 29 барања за амнестија, доставени од надлежниот суд, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде позитивно мислење по 15 барања за амнестија, а за другите 14 дадено е мислење дека по барањата не се исполнети условите од Законот.

Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше по 37 барања за амнестија. Денеска по сите е испратено мислење до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во еден случај надлежен обвинител има дадено позитивно мислење за примена на одредбите од Законот за амнестија. За другите 36 лица, мислењето од надлежните јавни обвинители кои  постапуваа по предметите е негативно.​

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амнестирани пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Јохан Трачуловски и Љубен Арнаудов

Твитер „прегреа“ за амнестијата и притворот: „Правна држава, жими ашимов“

Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смислена стратегија е отворањето на бугарските клубови со провокативни имиња, вели Малинка Ристевска-Јорданова

Редакција

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Редакција

Утре Комисијата за заразни болести ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово

Редакција