еМагазин
Image default
Македонија

Од 70 лица опфатени со случајот „27 април“, до сега барања за амнестија поднеле 57

Во скопскиот Кривичен суд до овој момент поднесени се вкупно 57 барања за амнестија на лица кои се опфатени во предметите со настаните од Собранието на 27 април минатата година.

Од поднесените барања 57 барања, 27 се за предметот „27 април“, кој е во доказна постапка, а во кој се обвинети 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и двајца за помагање. Барања за амнестија до Судот поднеле и 30 лица од Одделот за кривично полнолетни.

Рокот за поднесување барања за амнестија, како што посочи на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, истекува вечерва на полноќ.

До Судот била доставена и една изјава од обвинет за „27 април“ дека нема да бара амнестија.

На едно од рочиштата за „27 април“ Јане Ченто кажа дека нема да поднесе барање за амнестија, како и Игор Југ, кој посочи дека не сака да му судат политичките елити, туку судот.

На брифингот беше посочено дека вкупниот број на лица опфатени со сите случаи поврзани со „27 април“ се движи околу 70.

Судот кога ќе ги прибере барањата за амнестија треба да ги испрати на мислење до Обвинителството, кое не е врзано со рок за произнесување по истите.

На денешниот брифинг беше речено дека Кривичниот совет е надлежен за предметите за кои веќе има пресуда, а за предметите кои се во тек, како „27 април“, надлежноста да ја има судечкиот совет, односно судијката Добрила Кацарска.

По одлуката на Кривичниот суд, обвинетите и осомничените ќе имаат право на жалба пред Апелацискиот суд во рок од три дена.

Законот за амнестија во четвртокот минатата недела беше објавен во Службен весник на Република Македонија, откако на него беше ставен потпис од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Македонското Собрание го донесе на 18-ти овој месец по скратена постапка со 95 гласа „за“, без против и воздржани.

Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Жена од Македонија загина во страшна сообраќајка кај Лесковец, семејството се враќало од Словенија

Редакција

Министерката Божиновска тврди дека нема важечка бугарска патна исправа и документ за идентификација

Редакција

Неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет ќе го советуваат Филипче

Редакција