еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ѓонул Бајрактар на местото на разрешената Рашела Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, со заклучок на Владата ги презел овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика (МТСП), по разрешувањето на Рашела Мизрахи, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ не даде предлог, до изборите министерското место на Мизрахи останува празно

(Фото) Разрешната министерка Мизрахи објави фотографија со ќерка и: „Срцето ни е во Македонија“

-На 10. редовна седница Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок со кој се констатира дека се создадени условите од член 48, став 2, од Законот за организација и работа на органите на државната управа и од тие причини Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Од Владата појаснуваат дека согласно со став 2 на член 48 од Законот за организација и работа на органите на државната управа во делот 4 што го уредува раководењето со органите на државната управа и нивни меѓусебни односи, се вели дека заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) „Јас сум горда Еврејка од Република Македонија“: Што кажа разрешената министерка Мизрахи во Собрание

Која е разрешената министерка Рашела Мизрахи

Фото: МТСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Приказна со среќен крај: Куче 13 часа го грееше телото на неговиот пријател планинар, по пад во непристапен терен

Редакција

Бројот пак порасна: Македонија ќе згрижи 780 Авганистанци, најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје

Редакција

ОН бара да нема казна за уредничката која влета во етерот на руска телевизија со транпарент за војната во Украина

Редакција