еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пановски: И сега „шу прајме“ со вакцините „АстраЗенека“ донирани за Граничната полиција, каде што треба да се вакцинираат помлади од 60 години

„АстраЗенека“, донација од Унгарија за нашата гранична полиција, 6.000 дози!!! Сега шу праиме?, прашува микробиологот Никола Пановски на неговиот Фејсбук-профил.

„Ние нашите граѓани помлади од 60 години не ги вакцинираме со таа вакцина. А овие за жал бајаги помлади ќе се. Како да ја искористиме вакцината, а да не ги навредиме Унгарците? Решение: нашата власт нема ништо против нејзините граѓани да се вакцинираат во странство.

Значи кај граничниот камен само еден мал чекор од половина метар во соседната држава, боцкање со „АстраЗенека“ на граничниот полицаец (тој што боцка може да си остане на оваа страна со нозете) и веднаш враќање во својата земја.

Ем испочитувана одлуката, полицајците вакцинирани, се по пропис. Со Србија веќе имаме искуство, таму да си одат нашите граѓани, рече министерот. Тое ви е драги пријатели вистинска грижа за здравјето на своите граѓани,“ пишува Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лончар понуди, но Филипче одби да ги донесе вакцините од Србија во Македонија, за граѓаните да не мора да се ревакцинираат таму

Ќе ја смени ли Филипче одлуката за возраста за вакцинирање со „АстраЗенека“, следејќи го примерот на Германија

Без разлика на ставот на Германија, во Македонија останува одлуката вакцината „АстраЗенека“ да се дава на лица над 60 години

Пристигнаа 6.000 дози вакцини за вакцинација на Граничната полиција при МВР, донација од Владата на Република Унгарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Министерство за здравство потсетуваат: Правилната употреба на заштитна маска е клучна во справувањето со ковид-19

Редакција

44,4% од новозаболените со Ковид-19 во Македонија рекле дека имале контакт со потврден случај

Редакција

Финска официјално аплицира за членство во НАТО

Редакција