еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски за картата на Каракачанов со Санстефанска Бугарија: Отворено кршење на Договорот за добросодество

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски реагираше на честитката за 8 Март на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, на која е прикажана карта од т.н. Санстефанска Бугарија во чии рамки влегуваат и делови на денешна Македонија, Грција, Албанија и Србија.

„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи.

Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки“, се вели во реакцијата од кабинетот на Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија молк за провокацијата со картата на Санстефанска Бугарија која ја објави Каракачанов

(Фото) Каракачанов со карта на Санстефанска Бугарија, во која влегува и Македонија честиташе 8 Март

Бугарија многу често почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „збесна“ за куќниот притвор: „Кога на власта и треба 2/3 мнозинство, Мијалков и прави брегзит на Шутка“

Редакција

Крај на 12-годишното владеење на Нетанјаху: Израел доби нова влада

Редакција

Преку 400 лекари ја напуштиле Македонија само годинава

Редакција