еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Петмина повредени во нападот во белградското училиште се стабилни, двајца се критични

Петмината повредени во вооружениот напад во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград се стабилни, едно дете е критично, но подобро, додека едно дете е во критична состојба и е витално загрозено, изјавија денес директорите на здравствените установи каде што се повредените, јави дописникот на МИА од Белград.

Директорот на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Милика Ашанин изјави дека состојбата со двајцата ученици и наставничката кои се сместени во таа установа е многу подобра и дека се доста добро.

Четвртиот пациент, како што наведе Ашанин, во Клиничкиот центар бил донесен како најтешко повреден, со прострелни рани во градниот кош, вратот и кичмата, „вчера цел ден го поминал во операциона сала, имал две операции, подобро е, буден е, но мораме да бидеме многу внимателни и мора да го оквалификуваме како да е во критична состојба“.

Тој изјави дека за денеска се планирани низа контроли, со цел да се утврдат ефектите од операциите.

Директорот на Универзитетската детска клиника во Тиршова, Синиша Дучиќ изјави дека од тројца пациенти на таа клиника, две момчиња со прострелни рани на нозете се стабилни и добро, примаат антибиотска терапија и дека во следните неколку денови може да бидат пуштени дома.

-Девојчето кое вчера итно беше оперирано поради повреди на главата е витално загрозено, во критична состојба. Лекарите прават се за да ја одржат во живот, но нејзината општа состојба е многу сериозна и витално е загрозена, рече Дучиќ и додаде дека за сега немаат планирано други операции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од српско МВР: Ученикот подолго време го планирал нападот, имал список на деца за убивање

Вучиќ: Детето потекнува од угледна фамилија, потребни се промени во системот

И француска државјанка меѓу жртвите на масакрот во белградското училиште

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 24.000

Редакција

Во Бугарија уапсен Романец во врска со убиството на новинарката Маринова

Редакција

(ВИДЕО) Се отвори дупка на улица во Солун, во која пропадна автобус со работници

Редакција