Поранешниот обвинител Александар Наков за Радио Слободна Европа вели дека полномоштво кое притворената специјална обвинителка, Катица Јанева го испрати до Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а со кое се бара сите предмети, истраги и предистраги на СЈО да се префрлат во Јавното обвинителство, нема никаква права важност, затоа што со приведувањето на Јанева таа е веќе суспендирана од вршење на обвинителската должност.
„Таа заборава дека и покрај тоа што СЈО е организирано на еден монократски систем, што значи од неа се црпат овластувањата на нејзините заменици, но таа е под суспензија. Тоа значи таа е отстранета од нејзиното работно место специјален јавен обвинител,“ вели Наков за РСЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Може ли Јанева од притвор да бара предметите на СЈО да ги преземе Јавното обвинителство?