Од вчера во Македонија започнаа со работа сите стоматолошки ординации.
Тие ќе работат со рестриктивен режим на работење, изготвен од страна на Стоматолошка комора.
Стоматолошките здравствени установи кои се во мрежата, односно, избраните лекари стоматолози и лекарите специјалисти од дејноста орална хирургија, ортодонција и протетика покрај услугите кои ќе ги пружаат на осигурените лица, должни се да се придржуваат кон протоколите и упатствата за работа во услови на се уште постоечка закана од инфекција со корона вирусот.
Протоколот предвидува на сите вработени во ординациите да им се мери температура пред влегување во просториите, а вработените задолжително треба да го извадат целиот накит и другите модни додатоци и заедно со мобилните телефони да ги остават во гардероба.
Тој детално опишува и каква лична заштитна опрема треба да носат вработените во ординациите.
Стоматолозите термините треба да ги закажуваат така што ќе има слободен период од половина час помеѓу двајца пациенти за време потребно за дезинфекција, проветрување и припрема на ординацијата и стоматолошкиот тим за следниот пациент
„Да се работи само со закажани пациенти со кои по телефон е земена анамнеза за моменталната здравствената состојба, и тоа дали пациентот бил во карантин или (само) изолација во претходниот период или прележал вирусна инфекција со Ковид- 19.
Доколку бил во контакт со заболен и му била изречена мерка карантин или (само) изолација да се утврди дали се поминати 14 – 21 ден, дали е направен тест за корона вирус и дали резултатот бил негативен согласно протокол на Институртот за јавно здравје.
Пациентите со дадени податоци од погоре наведено се третираат само и исклучиво при потреба од итна стоматолошка интервенција (трепанација, инцизија, хемостаза и останати состојби кои се подразбираат како итни стоматолошки состојби)
При сите сомнителни анамнестичко епидемиолошки податоци на пациентот му се одлага стоматолошката интервенција и веднаш се упатува до неговиот матичен лекар или до најблискиот Центар за јавно здравје
Доколку пациентот е во (само) изолација или заболен од корона вирус и е на лекување (независно дали е на домашно или болничко), а има потреба од стоматолошка интервенција се упатува до овластена установа“, стои во протоколот.
Тој детално ги пропишува и процедурите за прием на пациенти.
“На влезот да се постават јасни пишани или графички упатства за однесувањето на пациентот во стоматолошката ординација.
Пред влезот да се постави крпа или друг материјал натопен во дезинфициенс за обувки или под (дезобариера). Во чекалната да има поставено дезинфициенс за раце.
Пациентите кои доаѓаат без закажан термин или пред време од закажаниот термин се упатуваат да почекаат пред ординацијата.
На влез пациентите треба да ги измијат рацете и да ги дезинфицираат со дезинфициенс за раце.
Од чекалната да се отстранат сите предмети кои неможат да се дезинфицираат (списанија, весници, украси). Столиците во чекалната да бидат на оддалеченост од 1,5 -2 метри.
Во чекалната да е присутен само по еден пациент или максимум двајца доколку вториот е родител на дете под 14 год или помошник на изнемоштено или слепо лице.
За цело време до седнување на стоматолошкиот стол да носат маска.
По напуштање на ординација од страна на пациентот пребришување на кваки и сл. кои се на патеката на движење на пациентот“, стои во протоколот.
Пациентите при влезот во ординација ќе мораат да влегуваат со нивна заштитна опрема за уста и нос и да ги оставаат сите лични предмети (телефон, чанта и сл.) на одредено за таа намена место кое е дезинфицирано и прекриено со фолија за еднократна употреба
“При влез во ординацијата пациентите по оставање на личните предмети задолжително треба да си ги измијат рацете со сапун и потоа да ги дезинфицираат со дезинфициенс за раце на база на алкохол (најмалку 60- 70%, по што е задолжително мерење на телесна температура со термометар (препорачан е безконтактен термометар) и утврдување на негов здравствен статус (на пр.дали кашла или има други видливи симптоми кои може да упатуваат на Ковид- 19 инфекција).
Пациентот задолжително мора да одговори на прашањата од анамнестичко епидемиолошки прашалник, како и да потпише согласност за интервенција /стоматолошко лекување во услови на пандемија на Ковид-19.
По утврдување на нормална телесна температура пациентот се упатува до стоматолошкиот стол со напомена да не допира ништо при движење (ако претходно не му се дадени еднократни ракавици кои ќе ги носи додека е во ординацијата) при што за цело време до отпочнување на стоматолошката интервенција е должен да ја носи неговата заштитна опрема за уста и нос и која пред самата интервенција пациентот ја одлага на место наменето за тоа по завршување на интервенцијата пациентот повторно си ја поставува неговата заштитна опрема за уста и нос и ја напушта ординацијата„, стои во протоколот.
Целиот протокол ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали: Каков ќе биде протоколот за спортските тренинзи
Сите детали: Моловите се отворија, каков ќе биде протоколот за работа