еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Прв пат во историјата вонредна состојба: Не е време за партиски препукувања

Прв пат во историјата на нашата земја е прогласена вонредна состојба поради заканата од корона вирусот. Позитивна работа во овој момент е што државата ја води техничка Влада во која свои претставници имаат поголемите партии, што на некој начин го олеснува товарот што на своите плеќи сега го има извршната власт.

Прашањето на вонредна состојба е регулирано во член 125 од Уставот каде се вели дека вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.

Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена.

Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

Во член 126 од Уставот е дефинирано дека при постоење на вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.

Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.

Со оглед на тоа што „владиниот збор“ сега станува закон, надлежните треба добро да внимаваат при носењето на одлуките и тие да бидат во согласност со Уставот.

Од друга страна, дел од политичките партии и во ваква состојба не престануваат со политичкиот натпревар иако најмалку од се сега ни е потребно со „политичко гориво“ да се потпалува атмосферата меѓу граѓаните.

Време е за политички молк, одговорност и соработка за што побрзо да ги пребродиме искушенијата што ги носи корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО: Гифти текс од Прилеп на свој трошок почна да произведува заштитни маски, кои ќе се донират

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

Што ќе значи вонредната состојба ќе зависи од однесувањето на граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Руски конвој кој се движи кон Киев е уништен од воздушен напад, тврди украинското Министерство за одбрана

Редакција

Монструозен случај во Скопје: Татко повеќепати ја силувал 13-годишната ќерка

Редакција

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Мијалков за „Тортура“

Редакција