еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ред се реди пред Обвинителството за „Рекет“, ама Боки 13 не го викаат на распит

Денеска исказ за случајот „Рекет“ треба да даде потпреседателката на Собранието, Фросина Ременски, чие име се поврзува со аферата уште од отварањето на случајот.

Вчера во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое го води случајот, беше повикан бизнисменот Ардијан Амзоски, а претходно и бизнисменот Силјан Мицевски и водителката Лила Филиповска.

Пред нив во Обвинителството за истиот случај беа и дури тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Лиле Стефановска, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинетот на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

На распит пред Јанева да заврши во притвор беше и Зоран Милески, осомничен во „Рекет“, но до сега не бил и првоосомничениот во случајот, Бојан Јовановски (Боки 13), кој е првата асоцијација за мега скандалот.

Тој до сега не дал исказ за Рекет“, освен дента кога беше уапсен и беше на распит во Обвинителство, но за да се утврди дали да му биде изречена мерка притвор или не.

Во меѓувреме тој заврши во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто оризари, а неодамна истиот му беше продолжен за уште 30 дена.

Обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот неодамна изјави дека Боки 13 ќе биде повикан на распит, доколку се процени дека има потреба за тоа.

По летните одмори, во јавноста се создава чувство дека на случајот „Рекет“ се работи забрзано, но сепак граѓаните се уште чекаат одговор на куп клучни прашања за мега аферата од чија разрешница ни зависи и датумот за старт на преговорите со Европската Унија.

Да не зборуваме колку од епилогот на „Рекет“ зависи довербата на граѓаните во правдата, која во Македонија е мисловна именка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите што се сликале со Боки 13, Обвинителството да ги повика на распит за „Рекет“, предлага Кирацовски

По распитот за „Рекет„, Лила Филиповска на „тапет“ на Твитер

Струшкиот бизнисмен Ардијан Амзоски на распит за „Рекет“

(ВИДЕО) Мицевски по исказот за „Рекет“: Парите ги префрлив на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на пензионерката

Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ја разреши ревизорката за ИПА-фондовите, Афрона Верзиволи

Редакција

Зошто Боки 13 и Зоки Кичеец добија нови 30 дена притвор за „Рекет“

Редакција

Имаме ограничен буџет наспроти бројот на пациенти кој се зголемува, рече директорката на Онкологија пред Анкетната комисија

Редакција