еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува за уставните измени во договорот за името со Грција

Едно од најжешките прашања, на кое јавноста не доби конкретен одговор, во предреферендумската кампања е какви всушност уставни измени следуваат по евентуален успех на престојниот референдум, предвидени со договорот за името со Грција.

Неодамна премиерот Зоран Заев најави дека тие ќе бидат објавени од страна на собраниските комисии што ќе работат на нив по завршување на референдумот и објавување на резултатите. Како што објасни истите не се објавуваат пред референдумот, заради тоа што тоа би значело прејудицирање на волјата на граѓаните.

„Промените ќе се направат во преамбулата, членовите 3 и 49. Во преамбулата ќе има само зајакнување на одлуките на АСНОМ за слобода, демократија, еднаквост помеѓу граѓаните, бидејќи од АСНОМ е борбата за ослободување на сите граѓани од тогашниот фашистички окупатор.

Во делот на член 49 каде што се однесува за дијаспората, ќе го примениме она што е европско. Знаете дека Македонија има дијаспора на Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и кај нас е подлабински навлезено и може да предизивика во иднина иредентизам, односно одредени провокации, но секако ќе го преадаптираме како што стои во земјите членки на ЕУ и како тоа државата ќе води грижа за својата дијаспора„, рече Заев.

Промената, додаде, ќе биде и таму каде што е Република Македонија, ќe стои Република Северна Македонија, а секаде каде што е македонско останува македонско и каде што стојат Македонци, Албанци, Турци, Роми останува.

„Многу се логични самите уставни промени што ќе се случат. Верувам дека презентацијата ќе биде штом ќе бидат готови официјалните државни комисии кои што би работеле на уставните промени. Не може да се иницира правно формално ваква постапка заради тоа што тоа би значело прејудицирање на волјата на граѓаните. Јас сакав уште сега ако може да се презентираат, да видат граѓаните како тоа изгледа, но со сето тоа ќе се прави непријатно влијание врз граѓаните, а граѓаните треба навистина слободно да одлучат во овој период“, рече Заев.

Штом ќе биде завршен референдумот, по објавувањето на  резултатите, појасни, самите собраниски комисии што ќе работат на уставните измени ќе ги објават уставните амандмани. Тој додаде дека првин ќе се гласа со двотретинско мнозинство, по што ќе има дебата 30 дена, потоа гласање со просто мнозинство, па следува уште една дебата и завршува со двотретинско гласање.

„Период од 106 дена според пресметките што сме ги направиле. Тоа е тој  процес што очекуваме да се случи во Македонија и на крајот гласањето во грчкиот Параламент, кое што за мене преставува извесна работа, гарантирана од страна на Грција и на крајот импелментација на пријателството кое е создадено“, рече Заев.

ШТО ПИШУВА ВО ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО СО ГРЦИЈА 

еМагазин ги издвои деловите од договорот, кој во целост можете да го прочитате ОВДЕ, кои се однесуваат на уставните измени:

…Втората страна ќе го прифати името „Република Северна Македонија“ како
нејзиното официјално име, како и термините наведени во член 1, став (3),
спроведувајќи внатрешна постапка која е и обврзувачка и неотповиклива и ќе
вклучи усвојување на амандман на Уставот, како што е договорено со оваа
спогодба…

…Втората страна ќе ја започне постапката за усвојување на амандмани на Уставот, како
што е предвидено во оваа спогодба…

…Втората страна во целост ќе ги усвои амандманите на Уставот до крајот на 2018 г….

…По известувањето од Втората страна за завршување на постапката за усвојување на
погоренаведените амандмани на Уставот и за завршувањето на сите внатрешни правни
постапки потребни за влегувањето во сила на оваа спогодба, Првата страна веднаш ќе ја
ратификува оваа спогодба…

…Постапките за брзо усвојување на амандманите на Уставот на Втората страна, а со
цел целосно спроведување на одредбите од оваа спогодба, ќе започнат по
ратификацијата на оваа спогодба од нејзиното Собрание или по референдумот,
доколку Втората страна одлучи да одржи референдум…

..Името и термините наведени во член 1 од оваа спогодба ќе бидат вградени во Уставот на Втората страна. Ваквата промена ќе се изврши наеднаш и севкупно со еден амандман.

Според таквиот амандман, името и термините ќе се сменат следствено во сите членови од Уставот.

Натаму, Втората страна ќе пристапи кон усвојување на соодветни амандмани на Преамбулата, член 3 и член 49 од Уставот, како дел од постапката за менување на Уставот…

…Секоја од Страните со ова се обврзува и свечено изјавува дека ниту една одредба од
нејзиниот Устав, како што е во сила или како што ќе биде изменет во иднина, не може и не
треба да се толкува на начин, кој преставува или кога било ќе претставува основа за
претензија кон која било област која не е во рамките на нејзините постоечки меѓународни
граници…

…Секоја од Страните со ова се обврзува и свечено изјавува дека ниту една одредба од
нејзиниот Устав, како што е во сила или како што ќе биде изменет во иднина, не може или
не треба да се толкува на начин кој преставува или кога било ќе претставува основа за
мешање во внатрешните работи на другата Страна, во каква било форма или заради каква
било причина, вклучително и заради заштитата на статусот и првата на кои било лица кои
не се нејзини граѓани…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Ќе има четири уставни амандмани, Прембулата нема да се чепка

Пред референдумот за името, прочитајте го целиот договор со Грција

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија забранува користење мобилни за учениците и наставниците за време на настава

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со “Стентон градба“ вреден 1,4 милион евра

Редакција

Црн рекорд: Од Ковид-19 починаа 40 лица

Редакција