Министерство за здравство вчера информираше дека починаа уште четворица нови пациенти од корона вирусот.
„Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65 години) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71 години), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73 години) во болница од 11 мај.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41 години), кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката,“ се вели во соопштението.
Детали за новопочинатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
“Случаите се со присутни симптоми, а биле хоспитализирани во ГОБ 8-ми Септември и КИБФС.
Кај три од починатите се регистрирани коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Починатите се без историја на патување и контакт со потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
Вкупната бројка на починати од компликации со вирусот во Македонија до сега изнесува 110.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 149: Расте бројот на заразени со коронавирусот на возраст до 19 години во Македонија
Шест лица со претходни заболувања, повеќе мажи, детали за новите случаи на заразени со коронавирусот
Фото: Кабинет на претседателот