еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието го усвои и четвртиот нацрт-амандман за промена на Уставот, следи јавна расправа

Собранието на Република Македонија попладнево го утврди и четвртиот нацрт-амандман на Уставот предвиден со уставните измени согласно Договорот од Преспа.

За нацрт-амандманот, што се однесува на грижата на државата за иселениците, беше прифатен со 66 „за“ и седум „против“, а тројца пратеници беа воздржани.

Собранието усвои и неколку заклучоци согласно кои ќе следи јавна расправа која ќе трае пет работни дена.

Нацрт-амандманите ќе бидат објавени во печатените медиуми „Слободен печат“ и „Коха“, a граѓаните, политичките партии, здруженијата на граѓани и учесниците во јавната расправа ќе ги достават своите забелешки и сугестии до Владата, а таа како предлагач треба да ја следи и да ги сумира јавната дискусија и во рок од два дена по нејзиното завршување да достави до Собранието извештај за резултатите од јавната дискусија и текст на предлогот на амадманите.

Заклучоци кои денеска ги усвои Собранието ќе бидат објавени во „Службен весник“.

Третиот амандман беше прифатен денеска во претпладннвниот дел од седницата, а првите два амандмани во текот на изминатиот викенд.

МИА/Фото: Собрание

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Циркузот со уставните измени продолжува, исклучените пратеници од ВМРО ДПМНЕ сега демек воздржани

Собранието го усвои и третиот нацрт-амандман на Уставот кој се однесува на суверенитот и интегритетот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 127 случаи на Ковид-19 од 1.908 тестови

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе гласа против потврдување на одлуките за вонредна состојба

Редакција

Макрон со поддршка за почеток на преговори со Скопје и Тирана

Редакција