еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: Груевски не му побегна на МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки на телевизијата 1ТВ рече дека деталите за бегството на поранешниот македонски премиер ќе бидат споделени со јавноста кога истрагата ќе биде целосно завршена, но и дека вината не ја лоцира во МВР.

„Груевски не му побегна на МВР. Тоа е фактичка состојба. Јас не говорам за префрлување на топка, туку за овој случај да видиме каде ни е поразен тој систем, за да може понатаму преку законски механизми, да не ни се случуваат вакви настани. Има многу прашања кои можам јас лично да ги поставам, но сакам да заврши до крај истрагата и јавното обвинителство да излезе и да каже зошто тоа се случи“, рече министерот и се надоврза дека тој, неговото семејство, но и соработниците постојани добиваат закани по животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

40 дена штама за бегството на Груевски

Твитер „полуде“ за новото видео со Груевски: „Украде милијарда за да јаде во Унгарија“

(Видео) Груевски снимен во познат и скап ресторан во Будимпешта

Фотографијата на Груевски во Будимпешта го „збесна“ Твитер: „Абе каци ти“

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 319 случаи на Ковид-19 од 2.250 тестови, 54 се реинфекциии

Редакција

Притвор од 48 часа за косовски државјанин за пукање во полицаец во Ѓорче Петров

Редакција

Нови 240 случаи на Ковид-19, четворица починати, оздравени 446 лица

Редакција