еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спасовски не се откажува, чека од ВМРО-ДПМНЕ предлог за министерското место на Мизрахи

Можам да правам компромис и да разговараме за политички теми, можеме да бараме решенија за тие теми, но да правам компромис за почитување на Устав и на закон и посебно на министер што даде свечена изјава пред Собрание дека ќе го почитува Уставот и законот, тоа нема да се случи, дециден е премиерот Оливер Спасовски во одговорот на новинарско прашање дали размислува, за да се избегне политичка криза, да го повлече барањето за разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

На прашањето како може да се реши ова прашање, Спасовски посочи дека во предлогот доставен во Собранието за разрешувањето на министерката Мизрахи, тој нема дадено ново решение и затоа, нагласи, тоа останува на опозицијата.

– Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат, што го почитува Уставот и законите. На пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО, како можно решение.

Одлуката е нивна кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам, изјави премиерот Спасовски.

Во однос на можноста ВМРО-ДПМНЕ да не учествува во работата на Собранието, откако вчера партискиот лидер Христијан Мицкоски рече дека не гледаат повеќе потреба за такво нешто затоа што не се распушти Парламентот согалсно политичкиот договор, Спасовски истакнува дека не знае каква одлука донела опозициската партија, но порачува дека за таква политичка одлука се носат соодветни консеквенци.

-Не знам каква одлука има донесе ВМРО-ДПМНЕ во однос на учеството во работата на Собранието, но сепак тоа е нивна политичка одлука и за таа одлука се носат соодветни консеквенци, рече Спасовски.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката Мизрахи не очекува да биде разрешена, не била виновна за ништо

Грчки медиуми: Министерката Мизрахи од ВМРО продолжува да провоцира

Мицкоски по најавата за разрешување на министерката Мизрахи повикува на разум и достоинство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Продолжениот Велигденски викенд го наполни Охридското крајбрежје со гости

Редакција

Каков имот пријавил Влатко Ѓорчев, првиот кандидат за претседател на државата

Редакција

Стевановиќ: Во зима ќе биде уште потешко да го намалиме ризикот од инфекција со Ковид-19 ако не се придржуваме до мерките

Редакција