еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Судбоносен ден за Македонија: Чудо во пет за дванаесет или нова политичка голгота?

Ќе биде ли денешниот ден судбоносен за иднината на Македонија или пак нашата земја ќе влезе во нова политичка голгота манифестирана преку нови парламентарни избори е прашање кое заслужува внимание со оглед на тоа што пратениците во Собранието денес на седница треба да гласаат за или против владиниот предлог за промена на Уставот, а со цел промена на името на државата во Северна Македонија и зачленување на земјава во ЕУ и НАТО.

Низа политички перипетии во изминативе неколку дена како што се оставката на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, дописките меѓу висoкиот американски функционер Вес Мичел и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и отвореното обраќање на пратениците од опозицијата дека нема да гласаат за уставните измени укажуваат на тоа дека се мали шансите уставните измени да поминат во Собранието односно за нив да гласаат две-третини од вкупниот број пратеници.

Од друга страна, премиерот Зоран Заев вчера изјави дека негува надеж дека парламентот ќе собере сили, дека пратениците ќе се одважат и охрабрат, затоа што, пред се, се претставници на граѓаните, а потоа на политчките партии и ќе се исправат пред историската одговорност односно конечно ќе да дадат пас за потврдување на потребата за отварање на уставни промени.

Тој побара да му се даде живот на овој процес, бидејќи тоа е единствената гаранција за подобри перспективи на сите граѓани и исполнување на нашите стратешки цели-ЕУ и НАТО и додаде дека секако е шанса која не смее да се препушти.

Во однос на дво-третинското мнозинство потребно за промени на Уставот, Заев соопшти дека е верник и дека некогаш чуда се случуваат.

Политиката знае да биде првртлива и ставовите и мислењата да се менуваат од ден на ден во зависност од каде доаѓа притисокот. Со оглед на тоа што клучот за промена на Уставот е кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, останува да видиме дали дел од нив ќе одлучат да и пркосат на матичната партија и да гласаат за промена на Уставот.

Доколку до тоа не дојде, Македонија ќе се соочи со нова политичка криза, застој во економијата и долги и тешки парламентарни избори кои носат голема неизвесност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можно ли е со тајно гласање да се протнат уставните измени за промена на името?

Уште колку пратеници фалат за да поминат уставните измени во Собрание

Сите детали од владиниот предлог за промена на Уставот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Оземпик“ да се користи единствено по препорака на лекар за третман на тип 2 дијабетес, а не за слабеење

Редакција

Убава вест: 90 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Вознемирувачки снимки од Израел по нападите од Хамас

Редакција