еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Татко и деветгодишен син убиени во Слупчане

Татко и син се пронајдени мртви застрелани со огнено оружје во атарот на село Слупчане синоќа во 22.40 часот, соопшти МВР.

Полициски службеници од Полициското одделение Матејче во атар село Слупчане, на место викано „Слупчански бунар“, пронашле патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки во кое билe две лица без знаци на живот.

Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот деветгодишен син, двајцата од село Опае.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телма: Убиениот кај Слупчане бил лихвар

(Вознемирувачко фото) Автомобилот во кој беа убиени татко и син кај Слупчане изрешетан со куршуми

Од близина е пукано во возилото: Обвинителство со детали за убиството на таткото и синот во Слупчане

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граничниот премин „Богородица“ отворен за сообраќај

Редакција

Во близина на мостот „Гемиџии“ во Велес извлечен човечки труп од реката Вардар

Редакција

Управата за водење на матичните книги вработува пет лица, плата до 26.257 денари

Редакција