Како и пред неколку години, кога за прв пат државата имаше техничка или преодна влада и овој пат уште на самиот старт Македонија покажа колку е незрела за вакви решенија.
Преставниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои влегоа во техничката влада на секој начин сакаат да направат „збрка“ и да извадат некој „скандал“, а преставниците на власта, кадрите на СДСМ и ДУИ на секој начин гледаат да си создадат услови по предвремените парламентарни избори во април да останат на власт.
Мислиш нивна е државата.
Се е исто како во 2016 година, само тогаш СДСМ ги правеше “збрките“, а сега ВМРО-ДПМНЕ. Работите тогаш стигна и до тужби и Управен суд, а до кај сега ќе стигнат допрва ќе гледаме.
Имајќи го во предвид фактот дека во една земја како Македонија реално и ништо неможеш да промениш за неколку години, а камоли за 100 дена, колку што има мандат оваа влада, веќе гледаме во живо дека на крајот единствена придобивка од оваа влада ќе имаат само неколкуте политички партии, на кои одлично ќе им дојде овој период за да присоберат уште некој поен пред изборите.
И не само тоа, ќе вработувања, смени, рокади, отпуштања… се со цел да се задоволат партиските апетити.
За граѓаните, кои го плаќаат овој циркуз (ништо не е без пари) очигледно на никој не му е гајле, а уште пострашно е дека тоа ни се случува во време кога Европската Унија, или поточно Франција (а Богами и не само таа) не набљудуваат многу одблиску за да решат дали да ни дадат датум за преговори или не.
Реформи? Кои реформи?
Сам што ќе си направиш, никој неможе да ти направи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОРТРЕТ: Која е Санела Шкријељ, новата заменик министерка за труд и социјална политика
ПОРТРЕТ: Која е Славјанка Петровска, заменик министерката за внатрешни работи
ПОРТРЕТ: Која е Гордана Димитриеска Кочоска, новата заменик министерка за финансии
ПОРТРЕТ: Рашела Мизрахи, биохемичарката која стана министерка за труд и социјална политика