еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Текстилни работнички протестираа пред „Астибо“: „Стоп за ропството“

Пред капијата на поранешниот моден гигант „Астибо“ во Штип се одржа протест на текстилните работнички со кој побараа подобри услови за работа и зголемување на минималната плата. Нивната реакција доаѓа откако Кластерот за текстил од Штип пред двесеттина дена побараа зголемување на работното време за половина час.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ – Штип вели дека и покрај тоа што се уште постои страв кај дел од работниците, сепак е задоволна што денеска излегоа на протест и јавно си ги кажаа маките во овој сектор.

„Време е и работниците да се појават да го кренат својот глас и конечно да кажат дека условите во коишто работат, платата што ја земаат несоодвествува на нивниот труд. Триесет години беа робови, лоши услови за работа, со ниски плати, а наспроти тоа работодавачите бараат уште поголем скратување на нивните права. Денеска се собраа и еве да кажеме Стоп за нивните барања и да почнат повеќе да го ценат работникот и да им ја платат платат којашто ја заработуваат“, вели Ампева.

Уранија Пировка од Хелсиншкиот комитет за човекови права вели дека последните четири години има поголема свесност кај работниците за да ги кажат своите проблеми, но и да си ги заштитат правата. Смета дека поддршката што им ја дале заедно со „Гласен Тестилец“ работите ги сменија на терен, а работниците станаа многу похрабри.

„Кај нас сега стигнуваат многу повеќе барања и претставки, пријавуваат кога им се прекршени правата. Мислам дека раздвижувањето им е забележително. Меѓутоа таа борба мора да биде уште поенергична од нивна страна. Ние секогаш ќе бидеме тука да им ја дадеме поддршката, но потребно е и тие самите таа битка да ја извојуваат и да бидат многу погласни“, рече Пировска.

Оценува дека бројот на претставките од страна на работниците за кршење на работничките права е зголемен за 100 отсто во споредба од пред четири години, а исто така трудовиот инспекторат многу повеќе работи на терен и постапуваат по претставките.

Неколку стотини работнички од Штип, Кочани, Пробиштип и Делчево денеска беа дел од протестот во Штип. Поголем дел од нив се на возраст од над 50 години. Штипските текстилни работнички оценуваат дека условите за работа не им се лоши, но се против зголемување на работното време, враќање на нормата, како и да се скратат празниците.

Организаторите најавија дека по Штип, текстилните работници не само од источниот регион најавуваат и протест во Скопје.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранимир Јовановиќ: И окови да им се стават на текстилните работнички

Газдите на конфекциите го потврдија нивниот робовладетелски однос кон текстилните работници, сметаат од Хелсиншки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успение на Пресвета Богородица: Архангел Гаврил со рајска гранка ѝ го навестил упокојувањето

Редакција

Караџовски: Ако некој знае нова мерка нека ни ја каже и ние како здравствена комисија ќе ја прифатиме

Редакција

Македонија ќе го продолжи европскиот пат кога ќе ги усвои уставните измени

Редакција