Режисерот Слободан Унковски сподели статус од новинарката Маја Петрушевска, која живее и работи во Лондон, дека денеска пријателите, колегите, студентите, роднините се простиле од драматургот Горан Стефановски, во Кентербери, Англија.
„Во преполната сала исполнета да последното ќоше, седечки и простум, немаше игла каде да се фрли. Со грутки во стомакот, срцето, солзи во очите и со љубов и почит за Горан. Сите, до еден. Неговите студенти започнаа петиција една од зградите на Универзитетот во Кент каде што беше професор ѕвезда, да го носи неговото име. Горан не дочека со Зајди, зајди. Не испрати со Strawberries field forever. Се простивме со Горан. Со национално богатство не може никој да се збогува! А Горан е повеќе од тоа“, напиша Слободан Унковски на својот профил на Фејсбук.
Семејството објави дека телото на Стефановски ќе биде кремирано денеска во Кентербери, а пепелта ќе биде расфрлена во Охридско езеро.
Линк до петицијата ОВДЕ
Фото: ЕУ инфо центар Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин се приклучува на иницијативата Драмски театар да го носи името на Горан Стефановски
Горан Стефановски ќе биде кремиран, а пепелта ќе му биде расфрлана во Охридското езеро