еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка лани со добивка од 1,7 милиони евра

Во периодот од 1.1.2019 до 31.12.2019 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во деловната политика и во финансискиот план на банката за 2019 година, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување, соопшти банката преку Македонската берза.

„Во периодот од 1.1.2019 до 31.12.2019 година, преку своето редовно оперативно работење, банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 184,4 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 511,7 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 327,3 милиони денари.

Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските и нефинансиските средства на нето-основа изнесува 63,5 милиони денари. Финансискиот резултат за периодот јануари – декември 2019 година е позитивен и изнесува 108,4 милиони денари (1,7 милиони евра).

Применувајќи го одржливиот, ефикасен и компетитивен деловен модел во услови на силна конкуренција и динамичен пазар, банката оствари раст на нето-добивката од 7% со што банката ја потврди својата успешност и ја заврши годината со најдобар финансиски резултат досега“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТТК Банка: Престанокот на производство во „Тетекс“ нема да влијае врз нашата работа

Томе Волкановски на местото на Доне Таневски во Надзорниот одбор на ТТК Банка

Трим Ќемали именуван за член на Надзорниот одбор на ТТК Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 767,4 илјади евра

Редакција

„Бапал“ го доби тендерот за одржување хигиена во Собранието вреден 86.000 евра

Редакција

„Македонски телеком“ ги предупреди корисниците за лажна наградна игра

Редакција