Согласно oдлуката на Собранието, Македонски Телеком АД – Скопје преку Македонската берза информира дека дивидендата за 2018 година се утврдува во вкупен бруто износ од 1.596.062.214 денари или околу 25,9 милиони евра или бруто износ од 18,50 денари по акција (заокружено на две децимали), во кој се вклучени сите даноци, каде што е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно со важечката даночна регулатива во земјава на датумот на исплатата.
„Сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на 30.05.2019 година имаат право на дивиденда за 2018 година.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година беше 28.05.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година беше 29.05.2019 година. Исплатата на дивидендата за 2018 година ќе се изврши на 26.09.2019 година“, соопшти компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски Телеком има поголем удел од А1 во приходите од мобилна телефонија
Македонски Телеком и А1 во „мртва трка“ на пазарот на ТВ-услуги
„Македонски Телеком“ ги „шие“ останатите оператори според бројот на претплатници на интернет
А1 каска зад Македонски Телеком на пазарот на фиксна телефонија