еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Мицкоски: Во понеделник да се распушти Собранието, има време за вонредни парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција побара в понеделник да се распушти Собранието. Смета дека има доволно време да се организира фер изборен циклус согласно Законот во Република Македонија и заедно со претседателските избори да се одржат вонредни парламентарни избори.

Прес конференција 12.01.2019

Исто како и мнозинството граѓани, така и јас со чувство на мака го проследив пресот на Зоран Заев.Само Зоран Заев, политичар аболиран за тежок криминал, кој влече сериозни хипотеки зад себе може да прославува и да се гордее што го променил името и идентитетот на сопствената земја.Само Зоран Заев, кој се колнеше во татковци и дедовци дека немало да го чепка вековното име може да се гордее и да се обраќа како премиер на нова земја Северна Македонија.Само Зоран Заев, кој ветуваше дека Македонскиот Устав бил европски, може да се фали со притисоците, заканите и непринципиелните пазарења со кои што ја погази јасно изразената волја на граѓаните на референдумот од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година.Зоран Заев денес и предвреме ја преименува сопствената татковина, на се уште не стапен во сила договор. СРАМОТА!Господине Заев, Македонија денес не слави! Македонија денеска е завиена во црно бидејќи вие продадовте, погазивте и уништивте се. Ова што вие го направивте има само еден збор – Предавство и кариеризам! Залудни се фалбите, залудни се и изнасилените насмевки, зарипнатиот глас од славјето во кое ниту тој, ниту неговите најблиски соработници не веруваат. Залудна е и лажната еуфорија и стакленото звоно кое го креираат. Чаламот на власта не го покрива срамот со промена на името и идентитетот. Човекот треба да разбере дека никој не го сака, никој не му верува. Но и се поголем е бројот на луѓето кои веќе не му се плашат. Зоран Заев готов си! Сите веќе тоа го знаат, а набрзо и ти ќе го дознаеш тоа!Оваа влада беше за едно прашање, и тоа прашање го решивте катастрофално, преку промена на име, идентитет, јазик, историја, култура, образование, промена на се што е македонско. И овој рок и оваа задача сега завршува. Токму затоа оваа влада на СДСМ која ја предводиш ти толку силно ќе падне што прашање е дали нешто ќе остане од СДСМ.Останува запишано дека промената на Уставот со цел промена на уставното име се направи на противуставен, противзаконски, нелегитимен, насилен и криминален начин, по пат на притисоци, закани, уцени и пазарења.ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството на македонскиот народ и мнозинството на граѓаните на Македонија не го подржаа овој договор.ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да се исправи во иднина оваа неправда. Останува запишано дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава!Длабоко чекориме во втората година од власта на оваа влада. Македонија е фрлена на колена и тоа не само во поглед на името, туку и во економијата, уништеното здравство, неквалитетното образование, земјоделието.По капитулацијата на Заев со името, тој најавува нова капитулација, општествена, економска, политичка, образовна, здравствена, секаква.Видовме досега дека не ги бива, и како што Заев брутално лажеше пред две години дека ќе имало 500 евра просечна плата, дека докторите ќе имале 100.000 денари просечна плата, ќе изградел 600 км автопатишта, нова клиничка болница, поврат на ддв ќе имало зголемени стипендии за студентите, зголемени пензии за студентите, загарантиран откуп за земјоделците и што ли уште не. истите тие лаги ги гледаме и денес а богами ги слушаме. Истите лаги, ќе имало фабрики, ќе имало поголеми плати, ќе имало автопати, дрн дрн бла бла празни муабети. Но ова е друго време. Денес веќе никој, ама баш никој не му верува на Заев!Денес е докажано дека не можат, не умеат, и дека со секој ден ќе биде полошо. А по капитулацијата со името, ако остане оваа влада следи нова капитулација, во економијата и во општетсвото.Затоа, Заев и вие од осрамениот СДСМ – не бегајте од одговорност. Немојте да се криете зад партиските одлуки како што се криевте зад гласовите на 81 пратеник за да ја погазите волјата на народот. Излезете на избори! Не се тоа избори за фотељи тоа се избори каде ќе победи народот, каде што ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, за да победи достоинствена и горда Република Македонија. Да живее самостојна, независна, достоинствена и горда Република Македонија! 🇲🇰

Posted by Hristijan Mickoski on Сабота, 12 јануари 2019

– Денеска од засрамениот Зоран Заев слушнавме две тези. Првата теза е дека се крие позади одлуките на органите на партијата и втората е дека анкетите покажувале сигурно водство и оти на секој политичар ќе му бидат добредојдени нови четири години мандат. Но, вистината е следна, ако е навистина така, ајде веднаш во понеделник да го распуштиме Собранието и имаме доволно време да организираме фер изборен циклус, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од избори и има доволно време да се подготват изборите, да се формира техничка влада и заедно со претседателските да има вонредни парламентарни избори.

– И тогаш да видиме дали Зоран Заев и групата околу него ја ужива довербата како што денеска кажа на прес-конференција или онаа вистинската анкета ќе му ја испорачаат граѓаните на тие предвремени парламентарни избори. Не бараме избори затоа што сакаме безусловно ВМРО-ДПМНЕ да биде власт, туку бараме избори за Македонија да престане да губи и Зоран Заев и групата околу него конечно да ја напуштат политичката сцена во Република Македонија, додаде Мицкоски, одговарајќи на прашање дали се плаши од избори.

МИА/Фото/видео: ВМРО ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ќе го разгледа барањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските

Името Република Северна Македонија влегува во меѓународна употреба веднаш, за домашна во следните 5 години

Заев почна да го користи името Република Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои Македонци го заслужија епитетот – најбарани интернационални модели

Редакција

Полицијата и семејството трагаат по исчезнат 35-годишен кумановец

Редакција

(ВИДЕО) Македонија на нозе: Девојче со Даунов синдром не може да следи настава со другите деца оти родители од Гостивар не дозволуваат

Редакција