Македонската преставничка Тамара Тодевска со песната “Proud” го освои осмото место во финалето на Евровизија во Тел Авив, Израел.
Како и во полуфиналето и овој пат Тамара имаше одлична изведба, па според гласовите од жирито беше втора.
Оваа е најдобар пласман на Македонија на Евровизија.
Aвтори на песната се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.
Победи холанскиот претставник Данкан Лоренс со песната „Arcade“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како гласаше публиката на Евровизија: Од кој доби најмногу гласови Тамара
(ВИДЕО) Мадона разочара на Евровизија
“СЈО да го преслуша телевоутингот„: Твитер за историскиот успех на Тамара на Евровизија
Фото: Коста Петров/Фејсбук/Видео: Eurovision Song Contest