еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Во Грција биеjа камбани во знак на жалост за ратификацијата на Договорот од Преспа, седиштата на СИРИЗА ги чува полицијата

Во грчка Вериа по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент во знак на жалост биеjа камбаните, пренесува дописникот на „еМагазин“ од Солун.

Седиштето на владејачката СИРИЗА во градов, како и на многу други места низ Грција, како што пренесуваат грчките медиуми ги чува полицијата.

Денеска пред гласањето за ратификацијата на Договорот, граѓани протестираа пред седиштето на партијата во Серес.

Полицијата ги чува и домовите на дел од пратениците на СИРИЗА и на тие што го дадоа својот глас за Договорот, а досега беа нападнати домовите на две пратенички од партијата на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

InVeria Gr/Επιλογές

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Нападнат домот на уште една пратеничка на СИРИЗА

(ВИДЕО) Запалено македонското знаме на протестот против Договорот од Преспа во Атина

(ВИДЕО) Вознемирувачки сцени на протестите против Договорот од Преспа во Атина и Солун

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија повторно се тресе: Силен земјотрес утрово ги разбуди нашите соседи

Редакција

„Плата од 500 евра…фејкњуз ли е“?: Твитер „поцрвене“ по најавата на Владата за одлучна борба против лажните вести

Редакција

Вкупно 107 бремени жени заразени со Ковид-19 во Македонија, половина немале симптоми

Редакција