еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Заев за Прочка: Им простив на луѓето кои држеа пиштол, веројатно немаа храброст и чиста мета

Во духот на простувањето и помирувањето во државата, јас сум многу транспарентен и ги кажувам своите ставови. На луѓето кои држеа пиштол и веројатно немаа доволно храброст, и како што викаат, чиста мета, им простив. Затоа што животот треба да тече напред.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата кога беше промовирана новата германска инвестиција, а беше прашан дали на Прочка ќе си простат со Христијан Мицкоски.

„Ние со господинот Мицкоски немаме ништо лично помеѓу себе. Секако употребата на зборовите на нашите јавни настапи зборува и за нас самите. Јас ќе продолжам да негувам позитивен дух. На нашата земја и треба дијалог. Дијалогот е ветер во грб во сите наши аспирации и ќе продолжам во тој дел.

Јас сум исто така човек како и сите вас, тоа повредува и кине, но ако ми е тешко можам да си одам дома. Ако не, продолжувате во тоа што е интерес на државата. Јас ќе продолжам во интерес на државата да го негувам дијалогот“, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митрополит Струмички Наум за Прочка: За вистински да простиме, треба да сме свесни за гревот 

Прочка е смислата на верата: Прости и нека ти биде простено

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште осум нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка на починати е 359

Редакција

Која е 26-годишната девојка од Кавадарци, која беше пронајдена мртва во куќа во Штип

Редакција

Детален преглед по градови: 30 починати и 633 заболени од коронавирусот во Македонија

Редакција