Владата на Република Македонија е посветена на својата цел за членство во НАТО и ЕУ и очекува таа да се постигне со ратификацијата на Преспанскиот договор и во грчкиот Парламент, рече на денешната редовна прес-конференција владиниот портпарол, Муамед Хоџа.
-Позициите на Владата на Република Македонија во однос на нашето зачленување во НАТО и ЕУ се познати. Не сакаме да коментираме интервјуа на различни личности, бидејќи Владата е посветена на својата цел – нашето зачленување во НАТО и ЕУ.
По ратификацијата на Преспанскиот договор кај нас, очекуваме тој да биде ратификуван и во грчкиот Парламент и со тоа Македонија ќе го исцрти зацртаниот пат кон НАТО и ЕУ, рече Хоџа, запрашан во врска со ставот изнесен од страна на рускиот претседател Путин дека Преспанскиот договор е постигнат со надворешен притисок, пред се, од страна на САД и оти со сила Македонија се сака да се внесе во НАТО.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ