еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ доставила 65 амандмани за законот за СЈО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во ТВ дуелот со лидерот на СДСМ, Зоран Заев во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5 соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда и меѓународната заедница доставила 65 амандмани за законот за Јавното обвинителство, со кој се одредува и судбината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Мицкоски рече дека преговорите за иднината на СЈО продолжуваат и побара од Заев амандманите да бидат прифатени за да не кочи процесот, кој е и предуслов за добивање датум за преговори со ЕУ во јуни.

Заев, го обвини ВМРО-ДПМНЕ за блокада за донесување на овој закон и рече дека ќе бидат прифатени сите амандмани на опозицијата кои не штитат криминал.

Разговорите за законот, како што рече Заев, продолжуваат и со осуммината пратеници од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и со Беса и Алијансата на Албанците со цел да се постигне консензус за овој важен закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако Пендаровски изгуби на изборите, Заев ќе распише предвремени парламентарни избори

Името Северна Македонија сме си го избрале сами, вели Заев

Мицкоски: Можно е исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во партијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 7.688: Од Ковид-19 починаа 8 лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција

Јовески не открива дали и кога Катица Јанева ќе даде исказ за „Рекет“

Редакција

(Видео) Посетата заврши: Со каков подарок од Заев папата Франциск си замина од државата

Редакција