Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата ТВ Алфа, во врска со писмата на поранешниот член на партијата, Сашо Мијалков, рече дека за него „единствен политички противник е криминалната влада превдоена од аболираниот премиер Заев“.
„Остантите можат да лиферуваат лажни информации, да белфираат и шпекулираат, но јас ќе продолжам, да работам. Ианку, сите претседатели на ВМРО-ДПМНЕ се времени. И јас исто така. По мене ќе дојде некој друг, но прашањето е колку некој ќе биде на претседателската функција, а тоа најногу ќе зависи од граѓаните, не од една, две или три личности. Ако зборуваме дали некој може да ме загрози или не, таа опција е секогаш отворена. Но, за тоа треба да одлучуваат органите на партијата. Јас сум можеби првиот што побарал доверба од Централниот комитет и добив стопроцентна поддршка. Тоа прашање во овој момент за мене е затворена книга и не би го коментирал повторно“, рече Мицкоски.
Фото: ВМРО ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сашо Мијалков „распали“ по Христијан Мицкоски: Ти си лажен патриот!
Мицкоски: Слушнав дека Груевски треба да се јави во затвор, разочарани сме