еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев ќе побара од Џафери да објасни зошто во Европскиот парламент зборувал на албански јазик, но нема да има одговорност

Претседателот на Собранието, Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Парламентот на ЕУ и точно е да се каже дека имаше три сесии, на двете сесии зборуваше на македонски јазик, на третата зборуваше на албански јазик. Нема да побарам одговорност затоа што очекувам токму од претседателот на Собранието да го објасни тоа што таму се случило, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателот на Собранието, посочи Заев, е еден од главните чувари на Уставот на Република Северна Македонија и очекувам сите ние да бидеме пример на почитувањето на Уставот.

Според премиерот, Џафери бил испровоциран од некои поединци од соседна Бугарија кои што укажале дека ќе направат воедначување на нашите јазици

„Ние имаме слични, но различни и меѓународно признаени јазици,“ појасни Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интерпелацијата за Џафери – школски пример кога етничкото е пред Уставот и законите

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НБРМ апелира на внимателност: Непознати лица во име на Народната банка се обидуваат да извлечат корист од граѓаните

Редакција

Гевгелија го доби новиот „Тони Манџа“: Украл 24 стебла марихуана од полицијата

Редакција

Цената на горивата останува непроменета

Редакција