Случувањата во опозицијата се нивни внатрепартиски работи, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира случувањата во најголемата опозициска партија по она што се случи во петокот, по усвојувањето на иницијативата за уставни измени.
-Не би сакал да коментирам детали, сепак, тоа се нивни внатрепартиски работи. Уште еднаш потврдувам дека силната определба и верба на пратениците, која што би рекол е доминантна и во опозициската пратеничка група, треба да биде ослободена. Луѓето апсолутно веруваат дека тоа е единствениот пат и правец по кој Македонија треба да се движи.
Впрочем, истите тие луѓе не може да замислат што доколку пропадне Договорот и не се реализира. Дајте да бидеме државнички ориентирани, со државна одговорност, а партиите да ги ставиме на второ место. Јас ќе продолжам да бидам внимателен во целиот овој процес, заради тоа што верувам дека можеме сите заедно да се сплотиме и да ја истуркаме оваа работа до крај на еден достоинствен начин, онака како што личи на земја, со доминантна определба за членство во НАТО и ЕУ, со доминантна определба да обезбеди иднина за сегашните и идните генерации, рече Заев.
Фото: СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Историја на расколи: Ќе се родат ли нови партии со предзнакот ВМРО?