Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори изјави дека сите 40.000 навивачи кои присуствувале на фудбалскиот натпревар Аталанта – Валенција, што се одржа на 19 февруари во Милано се заразени со новиот коронавирус.
– Во тоа време не знаевме што се случува. Првиот пациент во Италија беше на 23 февруари. Ако вирусот циркулираше, тогаш 40.000 навивачи на стадионот Сан Сиро биле инфицирани. Никој не знаеше дека вирусот е помеѓу нас. Голем број го гледаа натпреварот во групи и имаше многу контакти помеѓу нив. Вирусот се пренесува од еден на друго, посочи Гори.
Бергамо од каде е фудбалскито клуб Аталанта е најтешко погодениот италијански град од новиот коронавирус.
Фудбалскиот клуб Валенсија на 16 март потврди дека 35 проценти од екипата биле позитивни на Ковид-19.
Во Италија, според најновите податоци инфицирани се 74.386 луѓе од кои 7.503 починаа.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот се искачи на 17
Велес и Прилеп нови места со лица заболени од коронавирусот: Како изгледа мапата по градови
Сите детали: Најголем дел од новозаболените од коронавирусот се на возраст од 50-59 години
Не е сосема сигурно дека коронавирусот ќе исчезне во летниот период