еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

7 лица се хоспитализирани, повеќето се мажи, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Во Македонија заклучно со податоците објавени вчера, вкупно досега се регистрирани 1.526 лица заболени со коронавирусот.

“Тестирани се вкупно 185 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 8.

Потврдените случаи се од 3 градови.

Регистрирани се случаи во две возрасни групи (50-59 и над 60 години), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2 женски и 6 машки лица.

Хоспитализирани се 7 лица, а еден е на домашно лекување.

Кај 4 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 4 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

515 заболени од коронавирусот без симптоми, 373 имале контакт со веќе потврден случај во државата

Убава вест: Докторка од Куманово излекувана од коронавирусот по 44 дена

81,2% од оздравените од коронавирусот во Македонија се лекувале дома

Фото: Факултет за ветеринарна медицина/табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца функционери во Македонија досега позитивни на коронавирусот

Редакција

За сместување во ученичките домови нема да се аплицира електронски

Редакција

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Јолевски за изборот на Абази: Не сме вклучени во изборот, исклучени сме од секакво мислење

Редакција